banner banner banner
Синџирот На Дејзи
Синџирот На Дејзи
Оценить:
Рейтинг: 0

Полная версия:

Синџирот На Дејзи

скачать книгу бесплатно

Синџирот На Дејзи
Owen Jones

Синџирот на Дејзи Љубов, интрига и подземјето на Коста дел Сол Дејзи, гордата ќерка на богатиот бивш гангстер од Лондон, Џон, и неговата жена од Шпанија, Тереза, израснала во Марбеља на Коста дел Сол, односно Коста дел Криминал. Нејзините родители ѝ се идоли, а својот стар татко сака да го импресионира така што ќе му помогне во водењето на семејните бизниси по факултет. Меѓутоа, катастрофалното погрешно расудување ќе доведе до семејна трагедија, па мајката на Дејзи ќе ја префрли на побезбеден пат, да помага на локалната заедница за покор. Синџирот на Дејзи е трагична приказна со пријатен среќен крај. Синџирот на Дејзи - Резиме Џон е богат, сам, бивш гангстер од Ист Енд во Лондон, кој живее во Коста дел Сол во јужна Шпанија. Во медиумите местото одамна го викаат „Коста дел Криминал“, но нему не му е гајле за тоа сѐ додека му е зачуван тивкиот живот. Доволно му е од борби меѓу банди. Еден ден, неговата куќна помошничка и љубовница Тереза му соопштува дека е бремена - нешто што двајцата мислеле дека е невозможно поради нивните години; на Џон му се допаѓа идејата да стане татко по првпат, па ќе се ожени за Тери, по што се раѓа Дејзи. Тој ја сака, но има малку време поради деловните обврски. Таа никогаш не е сигурна дали татко ѝ навистина ја сака, особено откако ќе разбере за неговата репутација на поранешен тврдокорен човек. По факултет, таа ќе почне со преземање на бизнисите на татко ѝ. Меѓутоа, ќе почне да станува подмолна, сѐ додека еден ден не претера, по што нејзините ќе се најдат во болница по напад за одмазда од нејзин противник, нешто што таа ќе го предизвика со затворање и мачење на еден негов човек. Џон ќе умре од повредите, Тери е сериозно повредена, а нивниот верен телохранител е застрелан. Подоцна се дознава причината за заседата, а доказите упатуваат кон Дејзи. Таа се мачи да се ослободи од обвиненијата, а телохранителот ќе успее да ја оттргне од тоа, иако Тери сака да ѝ го дотера паметот. Проблемот е, како да се казни девојка што има сѐ? Тери се заканува дека ќе ги продаде сите бизниси и ќе престане да ѝ дава паричен додаток, освен ако ќерка ѝ не земе удел во првиот самостоен потфат на мајка си, потпомогнат од телохранителот. Дејзи се согласува, па ќе започнат со реновирање стара црква во која ќе сместуваат мајки и деца бегалци. На свое изненадување, на Дејзи ќе ѝ се допадне работата, а таа ќе се запознае со еден млад човек кој ја сака и ги има истите идеали како неа.

СИНЏИРОТ НА ДЕЈЗИ

Љубов, интрига и подземјето на Коста дел Сол

од

Овен Џоунс

Превод:

Деиксис дооел Скопје

Авторски права © 2021 Овен Џоунс

Бангкок и Фуенхирола, Шпанија

Правото на Овен Џоунс да се идентификува како автор на книгава е

утврдено во согласност со деловите 77 и 78 од Законот за авторски права, дизајни и патенти од 1988 година. Утврдено е моралното право на авторот.

Во оваа приказна, ликовите и настаните се или плод на фантазијата на

авторот или пак се употребени на комплетно измислен начин. Некои од

местата можеби постојат, но настаните се целосно измислени.

ПОСВЕТА

Ова издание го посветувам на сопругата Праном Џоунс поради тоа што ми го

олесни животот во огромна мера - одлична е во тоа.

Му благодарам и на Вес Варинг за советите околу снајперските пушки.

Кармата на сите ќе ви врати сразмерно.

ИНСПИРАТИВНИ ЦИТАТИ

Не верувај во нешто само затоа што го имаш слушнато, Не верувај во нешто само затоа што за тоа нешто се зборува или се

шират трачови,

Не верувај во нешто само затоа што се нашло напишано во верските

писанија,

Не верувај во нешто единствено затоа што така ти кажале

наставниците и постарите,

Не верувај во традициите затоа што се пренесуваат од колено на

колено,

Ами по посматрање и анализа, ако нешто ти има смисла и е корисно за

општото добро и има полезност за сите, прифати го и живеј според тоа.

Гаутама Буда

------

Голем духу, чијшто глас е во ветрот, слушни ме. Дозволи ми да растам во

сила и знаење.

Натерај ме секогаш да го гледам црвеното и пурпурно зајдисонце. Нека

моите раце ги почитуваат нештата коишто ми ги имаш дадено.

Научи ме на тајните под секој лист и секој камен, како што ги има учено

луѓето во ерите пред мојата.

Дозволи ми да ја употребам силата не за да бидам поголем од мојот брат, туку да се изборам со најголемиот непријател – себеси.

Дозволи ми пред тебе секогаш да доаѓам со листи раце и отворено срце, та

кога јас ќе замирам од Земјата, мојот Дух да се врати кај тебе без срам.

(Според традиционална молитва на Сијуксите)

СОДРЖИНА

1 Ла Вила Бланка, Марбеља, 1995 година

2 Првите години на Дејзи

3 Учењето занает

4 Дејзи стекнува самодоверба

5 Илегалците

6 Приказната на Тереса

7 Излегувањето на Дејзи

8 Борбата за идентитетот

9 Се остварува еден план

10 Жртвеното јагне

11 Грешката на Дејзи

12 Последици

13 Цената на будалштината

14 Закрепнување

15 Крстосувањето

16 Истрагата

17 Документите на Џон

18 Се стега обрачот

19 Алката што недостасува

20 Чистењето

21 Правда, на некој начин

22 Првата алка

23 Епилог

1 ЛА ВИЉА БЛАНКА, МАРБЕЉА, 1995 ГОДИНА

Тереса лежеше на грб на креветот, дишејќи длабоко, со огромна

насмевка на лицето, веднаш до нејзиниот шеф Џон, кој на шеесет и пет

години имаше претрпено премногу казни во животот за да преземе активна

улога во страсното водење љубов. Тој сакаше таа да пцуе додека се

задоволува и себе и него, но тоа не ѝ одеше од рака, па кога ќе се

вжештеше атмосферата, таа обично забораваше. Тереса имаше четириесет

и две години и беше горда што Џон беше љубовник. Всушност, таа со

години го сакаше, и покрај големата разлика во години. Истакнатиот

Англичанец првично ја привлече кога тој доаѓаше да купува кај неа на

пазарот Фуенхирола, а во него се заљуби речиси уште првиот ден откако ја

вработи да му биде готвачка и куќна помошничка. Таа тогаш не знаеше дека

неговите чести посети на пазарот биле изговори за да дојде и да ја види.

„Одлично беше, Тери, девојко… О, да… Знаеш како да расплачеш

возрасен маж.“

Тереса се истркала кон љубовникот, над неговата десна рака којашто ја

чекаше. Таа ја стави својата рака врз неговите гради. Се бакнаа.

„Најдобра си“, ѝ рече.

„Лесно ми е да те усреќам, Џони, затоа што те сакам. Ти си мојот херој и

спасител“, одговори таа, како што често знаеше.

Однадвор се слушна експлозија како придушен тресок. Истовремено

кога Џон се посегна по телефонот, тој заѕвони. Му се јави човекот кој и тој

планираше да го побара, баш како што знаеше дека ќе му се јави.

„Што беше тоа, Тони?“ праша тој, без ниту трошка немир во гласот.

„Уште не сум сигурен, шефе, но не нѐ нападнаа нас...“ Го прекина втора

експлозија, слична на првата, а потоа и трета, но поинаква.

„Доаѓа од долу по патот, нешто подалеку е. Мислам дека е од кај О’Лири, според облаците чад. Сега ќе одам надвор да видам подобро.“ Тони беше

голем маж, колку врата, со ќелава глава. Тој беше одговорен за

обезбедувањето на Џон и кај него работеше десет години.

Џон можеше да го слушне преку телефонот како трча, без нималку да се

задише, а потоа како запира. „Сега сум на околу двесте метри од нивната

предна капија. Изгледа ја нападнале куќата и предната капија... и насекаде

има делови од мотор... Двајца се наземи... запалени... Оф! Мислам дека